10.8 C
Скопје
00:00 - 4 април, 2026

Жесток судир во „Ѕвездите на Гранд“: Нападната Марија Шерифовиќ, емисијата прекината!

Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ дојде до жестоки конфликти меѓу членовите на жирито, особено помеѓу Вики Миљковиќ и Марија Шерифовиќ.

Откако Марија изрази сомнеж за настапот на еден од кандидатите, Вики реагираше бурно, обвинувајќи ја дека би му верувала доколку тој бил нејзин кандидат.

Ситуацијата дополнително се вжешти кога Александар Милиќ Мили се вклучи во расправијата, коментирајќи ја дебатата околу гласовите и кандидатите.

Конфликтот во жирито не заврши тука – нова расправија се разви меѓу Драган Стојковиќ Босанац и Снежана Ѓуришиќ. Босанац ја критикуваше остро, обвинувајќи ја дека „уништила одлични пејачи“, што предизвика напната атмосфера во студиото. Снежана не остана должна, одговарајќи му дека „не треба да зборува така“.

– Не ти верувам, нешто тука ми изгледа присилно – му се обрати Марија Шерифовиќ на еден од кандидатите, по што Вики Миљковиќ веднаш реагираше и ја нападна пред сите!

Ситуацијата ескалираше откако Марија изрази сомнеж во настапот на еден од кандидатите, на што Вики бурно реагираше:

– Да е твој, и те како би му верувала! Ајде, молим те, замолчи! – ѝ возврати Миљковиќ.

Судирот продолжи кога Вики ја обвини и Ана Бекута за лични анимозитети во оценувањето, додека Александар Милиќ Мили ја доведе во прашање објективноста на жирито.

Најголема тензија настана кога дојде до судир меѓу Драган Стојковиќ Босанац и Снежана Ѓуришиќ, кои обично се поддржуваат во шоуто.

– Ти, Снежо, стварно добро оценуваш, ама постојано зборуваш за некакви предиспозиции… Упропасти такви пејачи! Некои работи нема да ги коментираме, особено не за музикалност! – ѝ забележа Босанац, а Снежана му возврати со остар тон, барајќи да не зборува така.

Напнатата атмосфера во студиото доведе до привремен прекин на емисијата, додека жирито се обидуваше да ги смири страстите.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....