7.8 C
Скопје
01:39 - 5 февруари, 2026

Жена го демнела семејството на Дејвид Бекам, му праќала писма и се појавувала во училиштето на неговите деца

Шерон Бел од Хертфордшир е обвинета дека го прогонувала Дејвид Бекам и неговото семејство, пишува Daily Mail. Таа ќе се појави на суд во Вестминстер следната недела за да се соочи со обвиненијата. Очигледно чашата се преполнила кога таа се појавила во домот на Бекамови во западен Лондон.

Портпаролот на метрополитенската полиција потврди дека Бел е обвинета за следење.
„Прекршоците се случија помеѓу јули и октомври 2021 година. До семејството беа испратени многу писма и тие беа предмет на голем број несакани средби дома и на училиште“, изјави тој.
Имено, минатата година таа се појавила во училиштето во кое оди ќерката на Бекам, Харпер, претставувајќи се како мајка на друг ученик и сакала да ја запознае.

Шерон Бел наводно се обидела да стапи во контакт со семејството Бекам уште во 2016 година, кога тврдела дека е мајка на едно од четирите деца на Дејвид Бекам.
Се претпоставува дека Дејвид прв пат добил писмо од Бел на 9 јули, а втората порака ја добил во септември на неговата адреса во Лондон.

Помеѓу јули и ноември минатата година, Бел наводно често се појавувала на приватните престојувалишта на семејството и била пријавена дека чека пред училиштето на едно од децата.
Во моментов на сила е привремена забрана во времетраење од пет месеци за пристап на Шерон Бел во радиус од 500 метри од вилата на семејството Бекам во Оксфордшир и училиштето во кое учи Харпер, а на рочиштето следната недела ќе биде одлучено дали е неопходен траен налог за заштита од следење.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....