10:16 - 13 ноември, 2026

Замина музичкиот визионер: Почина Саша Поповиќ, основачот на „Гранд продукција“

Александар Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, почина денес на 70-годишна возраст, по кратка и тешка болест. Последните денови од животот ги помина во Париз, каде што се лекуваше во една од најпрестижните клиники во Европа. До самиот крај, покрај него беа неговото семејство и најблиските пријатели, пренесува „Слободна Далмација“.

Роден на 24 април 1954 година во Нови Сад, Поповиќ важеше за визионер и посветен професионалец. Преку својата работа во музиката и телевизијата, тој откри и поддржа многу таленти, оставајќи значаен печат врз музичката сцена и духот на едно време.

Во 1976 година, тој го формираше бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Кога Лепа Брена му се приклучи како пејачка, во 1982 година групата го промени името во „Слатки грев“. По распаѓањето на бендот, Поповиќ, заедно со менаџерот Рака Ѓокиќ, започна да работи во дискографската индустрија, како дел од продукцијата „ЗАМ“, каде што снимаа албуми многу познати народни пејачи. По смртта на Ѓокиќ, сопствеништвото на „ЗАМ“ го презеде неговиот брат, по што Поповиќ и Лепа Брена се разделија од продукцијата.

Во 1998 година, тие двајцата ја основаа „Гранд продукција“. На 3 декември истата година, на телевизијата Пинк за првпат беше емитувана емисијата „Гранд шоу“, што денес се смета за официјален почеток на оваа дискографска куќа.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....