04:03 - 14 ноември, 2026

(Фото) „За нас ова е тажен ден на земјата“: Елена Ристеска го одбележа роденденот на својот покоен татко

Пејачката Елена Ристеска повторно ги растажи своите следбеници со објава посветена на својот покоен татко, кој почина пред десет години.

По повод неговиот роденден, таа сподели неколку фотографии од семејниот албум, меѓу кои и ретка фотографија од свадбениот ден на своите родители.

На фотографијата, нејзините мајка и татко позираат како младенци, а објавата ја придружуваше со кратка, но емотивна порака.

„10-ти роденден си славиш на небото, а за нас, кои непрестајно те сакаме, ова ни е тажен ден на земјата“, напиша Ристеска.

Пејачката и претходно во повеќе наврати јавно зборуваше за силната поврзаност што ја имала со својот татко, истакнувајќи дека тој бил нејзин најголем потпирач во животот и во кариерата. Токму затоа, секоја година на значајни семејни датуми му оддава почит со фотографии и спомени кои ги споделува со јавноста.

Во интервју за „Слободен печат“, Ристеска откри дека денес на животот гледа со многу повеќе смиреност и вера.

„Тоа е до Бога, тој е толку семоќен и дарежлив што верувам дека има најдобар план за секого од нас. Најважно е дека во секој момент е покрај мене и е мојата најголема заштита“, изјави таа.

Иако болката по загубата не исчезнува, Елена и понатаму го чува жив споменот за својот татко, потсетувајќи дека семејните фотографии и спомените имаат посебно место во нејзиниот живот.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....