20.8 C
Скопје
23:07 - 16 август, 2026

За две години изгубиле 43.000 евра: Пропадна бизнисот на сопругата и ќерките на покојниот Синиша Михајловиќ

Аријана, Вирџинија и Викторија Михајловиќ го покренаа семејниот бизнис „Лемиха“ во 2022 година. Од самиот почеток, нивниот бизнис не одеше како што треба, па затоа решиле да ја затворат компанијата.

Модниот бренд „Лемиха“, кој го лансираа кон крајот на 2022 година Аријана Рапачони и нејзините ќерки Вирџинија и Викторија Михајловиќ, пропадна по две години поради големи финансиски загуби, дознава српски „Курир“.

Недолго откако вдовицата на познатиот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ се откажа од понатамошни инвестиции во овој стартап семеен бизнис, таа и нејзиниот деловен партнер се впуштила во угостителската индустрија, па отворила ресторан-бар во Рим. И во оваа работа ѝ помогнале нејзините ќерки, кои беа задолжени за организацијата и уредувањето. За разлика од модниот бренд, овој угостителски објект работи фантастично и е полн погодок во деловна смисла.

Како што може да се види на веб-страницата каде што се јавно достапни извештаите за работењето на италијанските компании, стартапот на семејството Михајловиќ имал само двајца вработени. Нивниот почетен капитал бил 10.000 евра. Според податоците, „Лемиха“ имала нето загуба од 36.928 евра во 2023 година, а 6.188 евра во 2024 година, додека нивниот приход бил 6.512 евра, врз основа на што може да се види дека брендот не бил профитабилен.

Интересно е што парчињата од овој моден бренд, кој го добил името по прекарот на покојниот Синиша, а кој и самиот учествувал на состаноците по повод неговото основање додека бил на лекување во Болоња, не можело да се купат во физички продавници, туку исклучиво преку интернет (онлајн). Во својата понуда имале само 25 различни парчиња облека со мошне мал и ограничен број колекции.

Дека брендот повеќе не постои, докажува и фактот дека страницата од која се нарачувале парчиња од оваа модна линија не е активна долго време, поточно, од минатата година.

Инаку, Аријана Михајловиќ го создала името на оваа линија облека во соработка со компанија од Болоња, една од најпрестижните во меѓународната панорама на високата мода. Колекцијата вклучувала летни фустани, инспирирани од светот на одморалиштата и одморите, особено Сардинија, каде што семејството Михајловиќ летува со години, а посебен акцент бил ставен на хеклани додатоци кои рачно ги изработувала Аријана, која отсекогаш била вљубена во хеклањето.

Инаку, „Курир“ ова лето пишуваше за причините зошто Аријана одлучила да отвори ресторан, кратко по крахот во модната индустрија.

– Овој угостителски објект моментално е главна преокупација на Аријана по тешкиот период од нејзиниот живот, во кој ги загуби сопругот и таткото. Таа има голема поддршка од своите деца за овој бизнис, кој го започна минатата година со својот бизнис партнер Алесандро. Секогаш кога е во Рим, таа оди во ресторанот секој ден, а убавото го комбинираше со корисното, па затоа ги организира сите семејни прослави во овој простор, каде што се собираат нејзините најблиски. Сите што го посетиле ресторанот беа воодушевени од амбиентот и атмосферата, а акцентот е ставен на италијанската кујна – рекол тој.

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....