06:44 - 4 април, 2026

„Врсниците ме исмејуваа, а сега имам три недвижности“: Српската пејачка има само 19 години, а веќе е успешна!

Пејачката Зорана Миќановиќ (19) многу млада почнала да се занимава со музика, а иако на почетокот на кариерата се соочила со бројни оспорувања, денес со својот труд си купила три недвижности.

Зорана Миќановиќ отворено зборуваше за психичкото насилство што го трпела од врсниците додека за време на школувањето се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“.

„Имав проблеми со децата. Не сакаа да се дружат со мене затоа што пеам народна музика и затоа што воопшто се занимавам со пеење. Ми велеа дека ќе бидам кафеанска пејачка. Никогаш немав поддршка од моите другари, но по некое време, особено по песната ‘Сиктер’, сите ми приоѓаат и бараат да се сликаат со мене и да се дружиме. Сега сфаќаат дека згрешиле“, изјави таа подоцна.

Зорана сега заработува огромни суми пари, а во една прилика откри колкав ѝ е најголемиот бакшиш.

„Јас пеам на ромски веселби и можам слободно да кажам дека кај Ромите е најголемиот бакшиш. Тие се многу дарежливи, понекогаш за една песна даваат и по 20.000 евра“, шокираше таа со ова признание.

Зорана, иако има само 19 години, е сопственичка на три недвижности, а неодамна во интервју за „Блиц“ изјави дека е свесна оти нејзините колеги ѝ љубоморат поради тоа.

„Има љубомора. Секогаш кога јавно ќе кажам дека пејачките треба да вложуваат во себе и својот живот, а не во крпчиња што ќе се искинат, гледам коментари во кои ме напаѓаат. Јас ќе ги трошам парите таму каде што сметам дека треба. Кога беше короната, сите тие пејачи се жалеа дека немаат заштеда. Зошто не купивте станови и не вложувавте во паметни работи?“, изјави таа.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....