6.8 C
Скопје
08:29 - 1 април, 2026

Во новата рекламата за чизми, Хју Џекмен на себе нема ништо, освен чизми! (ВИДЕО)

Хју Џекмен се соблече гол и не носеше ништо друго освен чизми во својата нова реклама за австралискиот бренд за чевли „R. M. Williams“.

Покрај целиот хаос што се случува во 2020 година, изгледа за ѕвездата од филмот „The Wolverine“ важат други правила. Годинава тој се појави во серијата „Bad Education“ на „HBO“, која не само што ги заслужи позитивните коментари на критичарите, туку Хју токму со оваа серија беше доминиран за „Emmy Award“.

Сепак Џекмен знае да ја забавува публиката и на други начини, како на пример со бесконечните „закачки“ со Рајан Рејнолдс или овој пат со реклама.

Instagram

Австралискиот бренд „R. M. Williams“ ја објави својата нова реклама на нивниот официјален Јутјуб канал. Рекламата насловена како „R. M. Williams Statement of Support For Hugh Jackman“ како во знак на поддршка на актерот предизвика неверојатни реакции по само неколку часа по официјалното објавување.

Рекламата всушност е приватна средба помеѓу извршниот директор на брендот и актерот, а Џекмен ја покажува својата воодушевеност од чизмите и објаснува дека може да носи само „R.M Williams“ бидејќи не носи „буквално“ ништо освен чизми.

Рекламата прекрасно ја доловува одличната смисла за хумор на актерот Џекмен, дури и ако шегата е на негова сметка.

Холивудската ѕвезда минатата година беше прогласен за прв амбасадор на овој бренд и како што се гледа и од рекламата Хју очигледно е премногу „посветен“ на промоцијата.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....