Децении легендарниот Шабан Шаулиќ беше препознатлив по својата перика, а малкумина знаеја низ каква внатрешна борба минуваше кралот на народната музика поради губењето на косата. Од исповедта на неговата вдовица Гордана Шаулиќ, Шабан носел перика цели 10 години, но со текот на времето тој моден додаток почнал да го оптоварува. Иако мислел дека без неа не може пред публика, пресудниот момент се случил зад четири ѕида во нивниот семеен дом, а иницијатор на големата промена била токму неговата сопруга.
Гоца откри дека инспирацијата за овој радикален потег ѝ бил познатиот кошаркар Саша Ѓорѓевиќ, кој во тоа време се појавил целосно без коса. Кога го видела спортската ѕвезда како гордо го носи својот нов изглед, Гоца решила дека е време и Шабан да се ослободи од товарот што го мачел со години.
„Му беше голем товар, но го носеше, Бога ми, цели десетина години. Во еден момент посакал да ја симне, тоа беше моментот кога се појави Саша Ѓорѓевиќ и тој вели: ‘Па добро, ако може Сале, можам и јас’. Значи, тоа беше една трансформација и мислам дека психички се ослободи од тој товар што го носеше“ – раскажала Гоца.
