-1.2 C
Скопје
06:40 - 24 февруари, 2026

Винона Рајдер: Сакав да се дружам со Анџелина Џоли, ме разочара

Винона Рајдер е една од уникатните појави во светот на филмот. Поради својот талент, харизмата и специфичниот изглед, често се појавуваше во филмови со мрачна тематика, а денес го слави 48-от роденден.

Глумицата пред десетина годсини призна дека за време на снимањето на филмот „Girl“ многу сакала да се спријатели со Анџелина Џоли, но таа упорно ја игнорирала и се држела дистанцирано.

Винона открива дека ја разочарало ладнокрвното однесување на Анџелина. Иако сакала да се спријатели со неа, Џоли упорно ја игнорирала.

Twitter

„Се сеќавам дека мислев дека ќе станеме суперпријателки, ама мислам дека ме гледаше само како ликот што го глумев, а не како Винона. На некој начин држеше дистанца од мене и од другите“, изјавила Винона.

Еден од интересните моменти во нејзиниот живот бил оној кога дознала дека всушност вистински била венчана со Киану Ривс и тоа цели 27 години.

Режисерот при завршувањето на филмот „Дракула“, никако не бил задоволен со стилизираната венчавка на Мина и Џонатан, кои ги толкуваа Винона Рајдер и Киану Ривс, па одлучил да сними уште една, но вистинска сцена на венчавката, како што навистина би изгледала во православен обред.

Така е снимена сцената во вистинска православна црква во Лос Анџелес, а обредот го водел вистински свештеник.

Во 2001 година Винона е уапсена поради кражба на Беверли Хилс. Обвинета е за кражба на дизајнерска облека и накит вреден повеќе од 5.000 долари и осудена на три години условна казна. Винона тврди дека тоа се случило во времето кога страдала од клиничка депресија.

Слични објави

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Еспресо

(Видео) Луксузната вила на Каќа Живковиќ: Пејачката го покажа раскошниот амбиент

Еспресо

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Еспресо

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо
Се вчитува....