01:06 - 3 април, 2026

Викедов трета свадба на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, овојпат во италијанското Портофино

Вип гостите, според италијанските медиуми, веќе пристигнуваат во Портофино за да присуствуваат на третата свадба на моделката и музичарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Манекенката и музичарот, по кажаното „да“ во Лас Вегас и законскиот брак склучен во Санта Барбара, се подготвени повторно да се венчаат за времен на викендот, овој пат во бајковит амбиент: според ТМЗ, всушност, тие го изнајмиле замокот Браун во шармантното гратче Портофино кое со почетокот на сезоната веќе е нападнато од ѕвезди.

Трета среќа. Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се подготвуваат да разменат свечени ветувања по трет пат за само еден месец и половина. По „да“ кажано во Лас Вегас и легалната венчавка во Санта Барбара, манекенката и музичарот ќе се венчаат во текот на викендов пред блиски пријатели и некои членови на семејството во гратчето од соништата: Портофино.

Според сознанијата, парот ќе го прослави обредот во опатијата Сан Фрутуозо и вилата „Долче и Габана“. Според TMZ, парот го изнајмиле Кастело Браун, историската одбранбена зграда и благородна резиденција која се наоѓа на врвот на гребенот. Затоа, се очекува забава од бајките и парада на ѕвезди: некои веќе пристигнаа во Италија, како мајката на Кардашијан, Крис Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Според Celebrity Jets, профилот на Твитер кој ги следи маршрутите на авионите на славните, и Ким Кардашијан и Кајли Џенер веќе се во Италија.

А веќе има и такви кои зборуваат за четврта свадба во Лос Анџелес, со уште повеќе луѓе, на враќање од Италија.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....