6.8 C
Скопје
09:14 - 1 април, 2026

Виенскиот новогодишен концерт ќе се одржи, но без публика

Австриската влада одлучи дека до 7-ми јануари нема да се одржуваат концерти со публика во Австрија и така ќе биде и со најголемото музичко случување во светот со кое се влегува во новата година.

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија е најпознатиот новогодишен концерт, кој секоја година го гледаат милиони луѓе ширум светот. Тој се пренесува во околу 90 земји, а го следат повеќе од 60 милиони телевизиски гледачи.

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе биде одржан на 1-ви јануари, како и секоја година, но овој пат светскиот спектакл ќе се одржи без присуство на публиката.

Директорот на Винеската филхармонија, Данијел Фрошауер, најави дека Новогодишниот концерт ќе биде одржан во празна сала.

„Мора да се прилагодиме на ситуацијата дека нема публика која ќе аплаудира, што е ново искуство за окрестарот. Ќе мораме нешто драматурски да смислиме“, објасни тој.

Виенската филхармонија нема долго да остане без аплауз, бидејќи јавниот сервис на Австрија (ORF) кој го пренесува концертот во живо, смисли интерактивни овации на повеќе од 20 звучници.

Благодарение на напредна платформа секој регистриран гледач ќе може да аплаудира на крајот на двата дела од концерот, а тој аплауз ќе се слушне и салата во која се изведува овој спектакл.

На концертот ќе диригира Рикардо Мути, а програмата ќе биде фокусирана на Штаус династијата. Со цел и музичарите да бидат заштитени, тие ќе бидат поделени во два дела, кои редовно дотогаш ќе бидат тестирани.

Билетите за новогодишниот виенски концерт се продаваат една година однапред, а за слободно место во салата се аплицира онлајн исто така една година однапред.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....