07:29 - 4 април, 2026

(Видео) „Знаев дека е луд!“: Хрватски актер ја запроси партнерката среде претстава, нејзината реакција е урнебесна!

Актерот и комичар Александар Лазиќ создаде незаборавен момент запросувајќи ја својата колешка и партнерка Наташа Поповиќ за време на театарска престава.

Александар и Наташа, кои играат двојка во претставата, се пар и во реалниот живот.

По завршувањето на претставата се случи изненадување кое Наташа не го очекуваше – Александар пред преполниот театар се спушти на едно колено и ја запроси.

Публиката беше воодушевена, аплаузите не престануваа, додека на Наташа и беа потребни неколку моменти да се вразуми и да каже „да“.

„Ова е најубавиот момент. Актерот ја запроси актерката на сцената. Честитки, Алекс и Бара, за големата љубов, за одличната изведба и за прекрасните реакции на сите во публиката “, стои во објавата на театарот, од каде ја споделија снимката.

„Знаев дека е луд, но не го очекував ова! Секоја девојка сонува за ова, а јас сега го живеам мојот сон. И реков да“, изјавила самата актерка.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....