7.8 C
Скопје
00:35 - 31 март, 2026

ВИДЕО: „Терминатор“ подари 500 мисирки за Денот на благодарноста

Познатиот актер Арнолд Шварценегер секоја година за Денот на благодарноста донира храна, И оваа година, без оглед на пандемијата, актерот подари 500 мисирки.

Актерот кој се прослави со улогата на Терминатор во истоимените филмови, секоја година за Денот на благодарноста се занимава со хуманитарна работа.

Се досега, за овој празник тој лично одел и носел храна во „Holenbek” центарот, кој се наоѓа во источниот дел на Лос Анџелес. Меѓутоа оваа година тоа не беше можно да се обави на таков начин.

Поради пандемијата, актерот одлучи да помогне така што ќе донира 500 мисирки.

Тој на својот Инстаграм профил објави видео, со следните зборови:

„Бидете благодарни, чувајте се и доколку сте во можност помогнете им и на другите. Секоја година донирам 500 мисирки во источен Лос Анџелес, во „Holenbek“ центарот“, напиша актерот и додаде:

„Оваа година не сум во можност во живо заедно да прославиме, но ги испратив мисирките. Како вие им помагате на другите за време на празниците?“, напиша актерот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....