13.8 C
Скопје
15:27 - 26 октомври, 2026

(Видео) Тамара Тодевска со Хана и Дарен приреди изненадување на плажа – погледнете ја реакцијата на Тијана

Македонската пејачка Тамара Тодевска реши да ги искористи последните летни денови за краток одмор покрај море, па заедно со своите деца Хана и Дарен отпатува во Сивири, Грција.

Но, нивното пристигнување имаше и посебна причина – да ги изненадат нејзината мајка Брана и сестра ѝ Тијана Дапчевиќ, кои веќе престојуваа таму.

Тамара сподели видео на Инстаграм во кое Хана и Дарен се движат по плажата во потрага по своите баба и тетка, додека таа го снима моментот на нивната неочекувана средба.

Особено интересна беше реакцијата на Тијана, која во прв момент не можеше да поверува дека сестра ѝ навистина се појавила на плажата.

„Ми рекоа дека Тамара е тука, викам каква Тамара, ама по тетоважата те познав“, ѝ рече Тијана, по што сестрите се прегрнаа.

Тамара потоа ја изненади и мајка си Брана со зборовите „Изненадување“, а семејството продолжи заедно да ужива покрај море.

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....