9.8 C
Скопје
19:20 - 26 октомври, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша за односот со Душко Тошиќ: „За 17 години брак никогаш не ми кажа убав збор“

Српската пејачка Јелена Карлеуша проговори за односот со поранешниот сопруг Душко Тошиќ и откри дека по долг период на несогласувања денес имаат коректна комуникација, што, како што вели, особено им значи на нивните ќерки Атина и Ника.

Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, Карлеуша се осврна на неодамнешната роденденска прослава на нивните ќерки и призна дека целиот настан бил многу емотивен за неа.

„Имаше огромна тензија. Нивниот роденден беше поголем стрес за мене отколку за нив. И се расплакав. По долга низа години во кои не бевме во добри односи, слушнав убави зборови од Душко, бидејќи секоја мајка сака да добие потврда од човекот со кој има деца. И го кажа тоа, по толку години. За 17 години брак никогаш не ми кажа убав збор“, изјави Карлеуша.

Пејачката нагласи дека денес таа и Тошиќ се во добри односи и дека забележува колку нивната комуникација ги радува децата.

„Гледам по Атина и Ника дека многу им значи кога седиме и разговараме. Во нивните очи гледам детска радост што мама и тато убаво комуницираат, што се среќни дека не сме непријатели. Морам да кажам, што и да се случувало, јас за Душко би го дала животот, бидејќи тој е татко на моите деца“, рече таа.

Карлеуша се осврна и на прославата, на која меѓу гостите биле бројни нејзини колешки. Таа истакна дека Сека Алексиќ, Индира Радиќ, Драгана Мирковиќ, Андреана Чекиќ, Милица Тодоровиќ и Мира Шкориќ не биле поканети да настапуваат, но сепак запеале и придонеле за атмосферата.

Пејачката откри и дека некои од гостите биле особено дарежливи со парите што ги оставиле во пликовите.

„Им се јавив на сите што претераа со парите во пликовите за да се обидам да им ги вратам, но не сакаа ни да слушнат. Сега имам морална обврска повеќекратно да им возвратам“, заклучи Карлеуша.

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....