3.8 C
Скопје
00:20 - 27 октомври, 2026

(Фото) Семејна идила покрај море – Александра Јовановска од МТВ на прв одмор со Лука и Ангел

Новинарката и водителка на МТВ, Александра Јовановска, ужива на првиот семеен одмор со синот Лука и со својот долгогодишен партнер Ангел Здравковски. Таа сподели колаж од приватните моменти од летувањето, на кој малиот Лука ужива на плажа, во базен и во прегратките на своите родители.

На фотографиите се гледа дека семејството максимално ги користи последните летни денови.

Александра стана мајка на 10 ноември 2025 година. За време на бременоста не зборуваше јавно дека очекува дете, а првите семејни фотографии со Лука ги објави за Нова година. „Влегуваме во 2026-та побогати за еден цел свет. Лука. Среќна Нова“, напиша тогаш водителката.

Јовановска и Здравковски имаат љубовна приказна долга повеќе од две децении. Ангел е музички продуцент и диџеј на псај-транс музика, познат и под уметничкото име Spirit Architect, а настапувал во повеќе земји низ светот.

Во интервју за „Слободен печат“ од 2024 година, Александра со многу љубов зборуваше за партнерот и откри дека нивната врска почнала сосема спонтано, откако ги запознале заеднички пријатели.

„Ангел е секако мојата најголема поддршка, човек што ме расположува, смирува, советува и ме инспирира да бидам подобра личност секој ден. Тој е решение за сите мои расположенија и состојби“, изјави Александра за „Слободен печат“.

Во друга изјава за нивната долгогодишна љубов, таа кажа дека двајцата растеле и се граделе заедно, и приватно и професионално, а нивниот однос го опиша како „совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот“.

Александра е долгогодишно препознатливо лице на Македонската радио-телевизија и авторка и водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, а ја води и емисијата „Наш подиум“ заедно со Јана Бурческа.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....