18:04 - 30 јануари, 2026

(Видео) Шок на Греми: Сопругата на Канје Вест се појави гола на црвениот тепих

Контроверзниот американски рапер Канје Вест се појави на годинашното 67. доделување на наградите Греми, а неговото присуство предизвика вистински шок уште на црвениот тепих. Додека позираше за камерите, неговата сопруга, Бјанка Ценсори, ја соблече својата бунда, откривајќи проѕирен фустан што ја остави целосно разголена пред објективите, пишува „Варајети“.

Двојката пристигна заедно во „Крипто.ком арена“ во Лос Анџелес и веднаш ја разгоре атмосферата на црвениот тепих кога беше откриен провокативниот аутфит на Ценсори. Од друга страна, пак, Вест беше облечен во целосно црна облека и носеше црни очила за сонце.

По појавувањето на црвениот тепих, Вест и Ценсори не беа видени внатре во салата. Почнаа да кружат гласини дека биле избркани од настанот и дека воопшто немале официјална покана за присуство. Сепак, извор близок до организацијата на наградите Греми ги негираше овие тврдења, истакнувајќи дека тоа „не е точно“ и дека Вест едноставно „прошета по црвениот тепих, влезе во автомобилот и си замина“.

Кариерата на Вест претрпе огромен удар во декември 2022 година, кога имаше скандалозно гостување во веќе згаснатата емисија „Infowars“ на Алекс Џонс. За време на интервјуто, раперот изрази восхит кон Адолф Хитлер и изнесе антисемитски коментари.

Сепак, во 2024 година успеа повторно да создаде хит со песната „Carnival“, во соработка со Тај Дола Сајн, Рич д Кид и Плејбој Карти. Оваа нумера се искачи на првото место на американската Билборд хот 100 листа. Песната, која се најде на неговиот заеднички албум „Vultures 1“ со Тај Дола Сајн, е номинирана за најдобра рап песна на годишнашните Греми награди.

Најновото издание на Вест, „Vultures 2“, беше објавено во август како дел од неговата соработка со Тај Дола Сајн под името ¥$. Во септември минатата година, за време на концерт во Кина, Вест објави дека неговиот следен албум ќе се вика „Bully“, а воедно најави и нова песна со наслов „Beauty and the Beast“.

Бијанка Ценсори, која работи како архитект за модниот бренд „Јизи“ на Вест, наводно се венчала со раперот во приватна церемонија во јануари 2023 година.

Канје Вест во текот на својата кариера бил номиниран за 75 Греми награди, од кои има освоено 24.

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....