5.8 C
Скопје
02:50 - 1 април, 2026

(Видео) Се огласи српската водителка по бизарното видео во кое мајка ѝ ја бања во када

По видеото на кое се гледа како мајката ја бања во када, а која ја згрози јавноста, се огласи водителката Јелена Димитриевиќ.

 


Таа во пораката реагирала на негативните коментари кои следеле по нејзината објава, а потоа уште еднаш нагласила колку е важна улогата на мајката во животот на секој човек.

– Јас можам да бидам гола, а некои можат да бидат воспитани. Бидејќи ми напишавте приватно многу убави пораки околу капењето, сакам на сите да ви кажам дека доколку мајка ви е жива и додека не умре барем еднаш ќе ве искапе како бебе – рекла таа и додала:

– Каква и да е мајката, вие сепак сте живееле кај неа девет месеци бесплатно.

 


Да потсетиме, заедно со видеото во кое ја бања нејзината мајка, Јелена напишала и порака која предизвика лавина реакции во јавноста, а вниманието на сите го привлече една реченица.

– Нема да им објаснувам на луѓето на кои не им е јасно зошто мајка ми ме капе. Само сакам да кажам, родителот те бања кога не можеш, затоа што си немоќен и си бебе, ти го капеш родителот кога ќе остари, така треба да биде, во меѓувреме, и големото дете бара малото бебе да биде негувано. Пораката е следна: „За џабе се капеме ако однатре смрдиме“ – напишала водителката со видеото.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....