02:00 - 3 април, 2026

ВИДЕО: Роберто Бенињи ја оживува дрвената кукла во новиот трејлер за играниот филм „Пинокио“

Признатиот итлијански режисер Матео Гароне го објави новиот трејлер за својата претстојна филмска адаптација на збирката приказни за деца, „Пинокио“ од Карло Колоди, чија премиера е закажана за 25-ти декември во киносалите ширум светот.

Оскаровецот Роберто Бенињи го толкува Џепето, столарот чија кукла магично оживува, со желба да стане вистински човек. Деветгодишниот Федерико Јалапи го игра Пинокио, додека „CGI“ технологијата му дава дрвени контури и нормално, прави неговиот нос да порасне кога тој ќе изговори лага.

„Изразено податлив, Пинокио во своите авантури доживува многубројни лоши искуства, станувајќи измамен и киднапиран, додека го бркаат разбојниците во прекрасниот свет полн со замислени суштества: од стомакот на огромната риба до Земјата на играчките и Полјаната на чудата“, пишува во описот на филмот.

Покрај Бенињи и Јалапи, во „Пиконио“ играат и Џиџи Проилети, Роко Папалео, Масимо Кекерини, Марни Вакт, Алида Баладари Калабриа и многу други.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....