5.8 C
Скопје
09:19 - 21 февруари, 2026

(Видео) По 20 години, Мадона го објави забранетото видео за песната „American Life“

Кралицата на поп-музиката, Мадона вчера го објави оригиналното видео за нејзината песна American Life, кое беше забрането поради несоодветна содржина пред 20 години.

Петминутното видео на почетокот изгледа нормално. Манекенки шетаат по пистата во костими, а Мадона пее за животот под рефлекторите, но тогаш сцената одеднаш се претвора во нешто сосема поинакво. Наскоро манекенките се заменети со луѓе кои ги претставуваат жртвите на војната, следуваат сцени на насилство, а на пистата има крв и многу болни сцени.

Телата на крвавите луѓе без екстремитети потоа се влечат по пистата, а во позадина се пуштаат слики на вистински жртви од војната, додека публиката во видеото се смее, а потоа има сцена во која тенковска граната ја разнесува истата публика.

Видеото требаше да биде објавено во времето на американската инвазија на Ирак, односно за време на владеењето на Џорџ Буш, а Мадона беше критикувана за видеото уште пред да го објави. Таа на крајот објави многу поблага и цензурирана верзија на American Life, која беше „соодветна за јавноста“.

– Решив да не го објавувам видеото поради воспалителната состојба во која се наоѓа светот во моментов и од почит кон војската, што многу ја поддржувам и ценам. Не сакам никого да навредам и не сакам ова видео да биде погрешно сфатено, објасни Мадона во 2003 година.

Меѓутоа, сега таа очигледно се предомислила и видеото е објавено во оригиналната верзија.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....