02:20 - 13 април, 2026

(Видео) Не можеше да си ги сопре солзите: Пејачката со косовско потекло одржа трогателен говор за Лијам Пејн

Британската пејачка Рита Ора, која има косовско потекло, беше домаќинка на годинашното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви во Манчестер. Таа беше добра пријателка и музичка соработничка со прерано починатиот Лијам Пејн,  па ја искористи можноста да му оддаде почит на овој престижен настан.

Ора одвои момент за да го спомене пејачот кој неодамна почина, велејќи дека Лијам е една од најпосебните личности со кои имала чест да се запознае.

„Сакам да го искористам овој момент за да се сетам на некој кој беше од големо значење за нас, некој што неодамна го загубивме. Тој беше важен дел од светот на Ем-ти-ви, мојот свет, и верувам дека светот на многумина од вас, како и сите ние вечерва овде“, рекла таа.

„Тој го имаше најголемото срце и секогаш беше првата личност што се понуди да помогне на кој било начин, внесуваше толку многу радост во секоја соба во која влегуваше и остави таков белег на овој свет“, додала Рита Ора.

По нејзиното емотивно обраќање, на екранот беше прикажано видео посветена на Лијам, со црно-бели снимки и фотографии од неговиот живот и песната „Night Changes“ од „Уан дајрекшн“, која беше еден од неговите најпознати хитови. На екранот се појави и натпис: „Ем-ти-ви се сеќава на Лиам Пејн“.

Потсетуваме, Лијам Пејн загина трагично на 16 октомври 2024 година на 31-годишна возраст по несреќен пад од третиот кат во хотел во Буенос Аирес, Аргентина.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....