Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ привлече внимание со ново видео од Мајами, каде што проба еден од најлуксузните залчиња на тениски турнир – хот-дог вреден дури 100 долари.
Зоранах, која моментално престојува на тенискиот турнир во Мајами, објави снимка на која го дегустира познатиот „златен“ хот-дог, а според нејзината реакција – била воодушевена.
„10 од 10“, кратко оцени инфлуенсерката, додавајќи дека вкусот целосно ја оправдува високата цена.
Овој необичен специјалитет, познат како „Голден глизи“, стана вирален откако го проба и тенисерката Арина Сабаленка по својот успех на турнирот.
Станува збор за луксузна верзија на класичен хот-дог, направен од премиум говедско месо „вагју“, надополнет со француски крем, кавијар и листови од јадливо злато – комбинација која ретко се гледа во брзата храна.

Покрај гастрономското искуство, Зорана е актуелна и по приватниот живот. Таа неодамна стапи во брак со фудбалерот Елој Рум, а по свадбата направи и промена на социјалните мрежи, каде што сега се потпишува со неговото презиме.
Нејзината објава со „златниот“ хот-дог брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции – од воодушевување до критики за луксузот.
