10:19 - 5 декември, 2025

(Видео) Марија Шерифовиќ се повлече од јавноста, а сега донесе нова одлука: „Доаѓа ново поглавје“

Марија Шерифовиќ беше активна на социјалните мрежи, таа често споделуваше убави моменти со својот син со своите следбеници, а по смртта на нејзиниот татко, се повлече од мрежите.

По смртта на нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ, пејачката Марија Шерифовиќ се повлече од јавноста, но сепак, реши да им се обрати на своите следбеници и да ја сподели својата тага со нив.

Во емотивна објава, Марија рече дека доаѓа период за кој се надева дека ќе биде многу пошарено, повесело и со повеќе љубов.

– Знаете зошто ме нема веќе некое време. Ова е животот, и секој од нас сака, страда и се сеќава на различен начин. Оваа Скорпија мораше малку да се затвори, за да ги спакува сите овие емоции на вистински начин и да се врати на начинот на кој мојот татко ме сакаше најмногу, и најдоброто јас. Следува ново поглавје. Се надевам дека пошарено, повесело и со многу љубов за сите нас, 2 декември стана најважниот датум во мојот живот од пред две години. Затоа започнуваме нешто… Едвај чекам да видите што! Бидете со мене! Ви се враќам најдобро – напиша Марија.

Пејачката призна дека периодот зад неа бил многу емотивен:

– Зад мене беше емотивно предизвикувачки период. И сите различно се сеќаваме, различно страдаме, различно се лекуваме. Затоа јас, како вистинска Скропија, морав малку да се изолирам, опкружена со луѓе што ги сакам и да бидам добро. И го направив тоа. Мојот татко беше важен, до неодамна најважната машка фигура во мојот живот – рече таа.

Инаку, таткото на Марија беше погребан на 12 ноември во Крагуевац.

Слични објави

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо
Се вчитува....