8.8 C
Скопје
16:48 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА МУЗИКА: Моделот Кристина Поп и тиктокерот Душан со нов хит

беби кристина поп душан пауновски whoisdushan

Совршен спој на талент и нова енергија изразени преку најновиот проект на пејачката Кристина Поп и тиктокерот Душан Пауновски е она што ќе го забележите уште при првото слушање на нумерата со наслов „Беби“.

Кристина зад себе веќе има една песна под наслов „Никад доста“, а покрај талентот за музика и препознатливиот вокал, на јавноста и е позната и по своите многубројни успеси на изборите за убавина ширум светот.

Најпознатиот македонски тиктокер Душан Пауновски, познат кај помладите како „whoisdushan“ исто така веќе има една песна насловена како „Нема дилема“.

ФОТО: Приватна архива

„Целиот процес на снимање на песната и спотот беше забавен и исполнет со позитивна енергија. Се одлучивме за нешто поинакво и со задоволство можеме да кажеме дека крајниот резултат е повеќе отколку што очекувавме и е во чекор со светските трендови во музиката и продукцијата. Време е да и се случи револуција на македонската музика”, велат Кристина и Душан.

Музиката и аранжманот се на Toby, додека автори на текстот се Кристина и Душан. Што се однесува до спотот, снимен е на локации во Скопје и Куманово.

Уживајте во најновиот музички хит „Беби“

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо
Се вчитува....