14:01 - 27 август, 2026

Почина грчкиот композитор Микис Теодоракис

микис теодоракис

Грција денеска е завиткана во црно. Светот остана без човек кој ги создаде најважните моменти од модерната историја на Грција, исклучителен композитор и нескротлив борец. Микис Теодоракис почина на 96-годишна возраст.

Микис Теодоракис ги компонираше сите жанрови на музика, од опера, симфониска музика, салонска музика, балет, црковен хор, до древна грчка драма, театарска, филмска, народна музика.

Роден е на островот Иос, на 29 јули 1925 година. Неговиот татко бил висок службеник и поради честите промени на живеалиштето на неговиот татко, поминал добар дел од својот живот со него, посетувајќи различни места во Грција, од Митилена, Сирос, Атина, Пиргос до Триполи. Неговата прва средба со музиката била псалм на Православната црква, во која тој самиот учествувал како пејач.

Студирал музика во Атина, под влијание на византиската креативност, по што создал дела главно наменети за пијано и виолина.

Покрај композициската кариера, каде што доминантна е неговата композиција „Гркот Зорбас”, тој напиша и одредени дела, од кои најпознати се: „Музика за масите“, „Долг“ (два тома), „Анатомија на современата музика“ и многу други дела.

Наградите за неговото животно дело се многубројни. Неговиот придонес за Грција е огромен, а трагата што ја остави во модерната историја на својот народ е неизбришлива.

Слични објави

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.

Хороскоп за 27 август: Овните ќе се фокусираат на саканата личност, Близнаците ќе имаат креативни идеи

Еспресо

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо
Се вчитува....