18:58 - 25 февруари, 2026

(Видео) Луѓето не можат да се изначудат како малиот Љуба изгледа: Го освои регионот на 6 години, му нудеа 100.000 за реално шоу, па исчезна

Пејачот Љуба Станковиќ, своевремено, на само шест години, ги освои срцата на публиката во емисијата „Ѕвездите на Пинк“ и стекна голема популарност, а потоа се појави и во хитот на хрватската пејачка Северина Вучковиќ „Туторијал“. Меѓутоа, во последните години се повлече од јавноста. Иако многумина му предвидуваа одлична кариера, денес е помалку присутен на музичката сцена.

 


Ретко се појавува во медиумите, а сега сподели ново видео на Инстаграм на кое покажува како изгледа по долга пауза — толку многу се променил што малкумина веднаш би го препознале.

Љуба се снимал во опуштен, домашен амбиент додека ја пее песната на Милена Ќераниќ „Кривог бих те бранила“.

Иако денес не се знае многу за неговиот живот, младиот пејач во една прилика открил дека добил понуда да влезе во реално шоу и дека на неговиот татко му била понудена голема сума.

– Вистина е дека добив понуда да влезам во реално шоу, кога бев многу мал, снимив песна со Северина. Сакаа да влезам, му понудија на татко ми 100.000 евра, но тој не дозволи. Рече: „Што има да види таму? Како се караат и тепаат“. Сето тоа мене ми изгледа интересно, додека го гледам на малите екрани, но не мислам дека мене ми е местото таму. Не би влегол ниту сега, гледам во својот правец, да бидам во студио што е можно повеќе и да работам на нови песни. Веќе не сум за никаков вид натпревар, а ниту за реални шоуа – рекол Љуба за „Информер“.

Слични објави

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо
Се вчитува....