07:08 - 26 декември, 2025

(ВИДЕО) Кралицата Елизабета излезе на балконот на Бакингемската палата: Насмеана и совршено стилизирана

Британската кралица Елизабета Втора за прв пат е видена за време на прославата на платинестиот јубилеј, а снимена е како се смее на балконот на Бакингемската палата.

Кралицата (96) ја поздрави ирската гарда заедно со војводата од Кент додека илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон да прослават 70 години од нејзиното владеење.

На фотографиите се гледа како држи стап.

Британската кралица Елизабета претходно им се заблагодари на сите кои учествуваа во прославата на „платинестиот јубилеј“ во пресрет на четиридневните помпезност, забави, паради и државни празници, со кои се одбележуваат нејзините рекордни 70 години на британскиот трон, пренесува Ројтерс.

Кралицата слави седум децении од владеењето со серија свечени настани кои започнуваат денес и траат до недела, а Елизабета е првиот британски монарх што го прославува платинестиот јубилеј.

Се очекува милиони луѓе ширум Британија и светот да се придружат на свеченостите во чест на 96-годишната кралица, соопшти британската влада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)


Денеска, заедно со почетокот на јубилејот, се одбележуваат 69 години од крунисувањето на Елизабета, која стана кралица по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести во февруари 1952 година.

Прославата започна со воена парада во центарот на Лондон, а се очекува кралицата да поздрави околу 1.500 војници и офицери од балконот на Бакингемската палата.

Останатите членови на кралското семејство, вклучително и синот и наследникот на принцот Чарлс (73) и неговиот најстар син, принцот Вилијам (39), ќе вршат други церемонијални должности во нејзино име, иако многу внимание ќе им се посвети на оние кои нема да бидат присутни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)


Не се очекува да присуствува вториот син на кралицата, принцот Ендру (62), кој постигна договор во февруари во врска со тужбата во САД во која е обвинет за сексуално злоставување жена, наведува британската агенција.

Нејзиниот внук принцот Хари, кој живее во Лос Анџелес со сопругата Меган, исто така ќе отсуствува кога кралското семејство ќе се собере денес на балконот на палатата за да ги гледа летовите на модерните и историски авиони на Кралските воздухопловни сили по парадата, според до Ројтерс.

Слични објави

„Ова беше голем предизвик“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ го остварија сонот што го чекаа 15 години

Еспресо

(Фото) Жешка празнична честитка: Нивес Целзиус во бела тантела позираше покрај новогодишна елка

Еспресо

На снег во минијатурни танги – На српската старлета која се гордее што не знае да множи, студот не ѝ може ништо

apostolova

(Фото) Сека Алексиќ ја покажа новата трпезарија: Мермер, сè во стакло, икони насекаде…

Еспресо

(Фото) Палто од крзно и накит вреден 20.000 евра: Александра Пријовиќ се забавуваше на концертот на Емина Јаховиќ во стајлинг од 35.000 евра

Еспресо

Фаталната заводничка од „Среќни луѓе“ со шокантно признание: И на 54 години го цицам палецот

Еспресо
Се вчитува....