22:40 - 4 април, 2026

(Видео) Изби пожар во станот на Теодора Џехверовиќ: Вознемирената пејачка сподели видео од хаосот во домот

Во станот на српската пејачка Теодора Џехверовиќ избувнал пожар, нешто што многу ја вознемирило, па ги известила своите следбеници на социјалните медиуми.

Всушност, Теодора во видеото рекла дека сака да ја загрее тортиљата, па ја ставила во рерна. Меѓутоа, таа заборавила на тоа, па целосно храната целосно ѝ изгорела.

„Се тресам, ја ставив тортиљата да се загрее и целосно заборавив. Изби пожар, не разбирате, не можам ни да снимам што се случува во куќата во моментов. Црно, цело црно, дим“, рекла Теодора, покажувајќи го хаосот во станот.

Да потсетиме, Теодора Џехверовиќ пред неколку години купи стан во Белград и за него, наводно, плати 250.000 евра.

„Се работи за луксузен имот кој таа го купи за 250.000 евра. Станот има околу 100 квадрати, две спални соби, две купатила и пространа тераса. Во последните денови таа напорно работи на опремување на станот и едвај чека нејзиното момче Нино да се врати од Бразил за да уживаат заедно“, изјави своевремено извор за локалните медиуми.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....