6.8 C
Скопје
09:14 - 1 април, 2026

(Видео) Илјадници Срби го пречекаа Ноле: „За вакви моменти вреди да се живее, да се игра“

Граѓаните на Србија вечерва го пречекаа Новак Ѓоковиќ по неговата нова, седма титула на Вимблдон. Свечениот пречек пред Стар двор во Белград започна пред илјадниците насобрани навивачи.

„Ова се дефинитивно најубавите моменти во мојот живот, кога имам благослов да се занимавам со спортот кој толку многу го сакам, во кој имам толку многу успех и можам да дојдам да го прославам со вас. Ви благодарам на сите што се појавивте вечерва, што дојдовте вечерва. Многу српски тробојки, млади, деца, тоа ми го исполнува срцето. За вакви моменти вреди да се живее, да се работи, да се игра професионален тенис. Ова се моментите кои се незаборавни. Трофеите се трофеи, но јас секогаш ќе го носам овој впечаток во моето срце“, изјави Ѓоковиќ, а пренесуваат српските медиуми.

По краткото обраќање до публиката, Ѓоковиќ фрли неколку потпишани тениски топчиња во публиката. Ѓоковиќ заедно со Тијана Рајковиќ ја отпеа и песната „Една земја, еден тим“, по што ја поздрави публиката со зборовите: „Се гледаме, до следниот пат“.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....