15:41 - 3 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете го новиот спот на Северина со бугарскиот фолк пејач кого никогаш не го сретнала

Со недели се зборува за новиот албум на една од најголемите ѕвезди во регионот. Таа денес го најави со синглот „Фалиш ми“, што воедно е и првата снимена песна од албумот, но и нејзина прва соработка со бугарскиот пејач Азис.


„Кога Филип ми го предложи Азис знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна, како што и докажа со неговата маестрална изведба. Уште кога почна да се создава песната Азис ни беше на ум и мило ми е што ми се придружи. Знам дека долго чекавте нова песна и ми недостигавте, се надевам и јас вам“, изјави Северина по повод новиот сингл.

Северина и Азис, кој учествуваше во бугарската верзија на Големиот брат, а во 2017 година го сними дуетот „Те оставам“ со Јелена Карлеуша, никогаш не се сретнале, а видеото го снимале одделно во временски интервал од еден месец поради пандемијата, соопшти ПР тимот на Северина.


Спотот, во чија продукција учествувале повеќе од 50 соработници, е снимен во клубот Лафајет, а кореографија за Северина, театарските балетани и клубските танчери е на Милица Церовиќ. Пејачката го нарече својот нов материјал сериозен поп и изјави дека е поинаков од се што снимила досега.

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....