11.8 C
Скопје
20:28 - 3 април, 2026

(Видео) Еве колку заработува Цеца од „Ѕвездите на Гранд“: Пејачката си купи автомобил од 170.000 евра!

Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ, позната како Цеца, е дел од жири-комисијата на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во последните четири сезони на шоуто. Таа дојде на местото на Јелена Карлеуша и беше вистински предизвик да се надмине нејзината појава бидејќи, според многумина, Карлеуша беше најинтересниот член на жирито и му носеше голема гледаност на „Ѕвездите на Гранд“.

Според српските медиуми, Цеца потпишала договор со продукција „Гранд“, според кој нејзиниот ангажман во „Ѕвездите на Гранд“ ќе трае до 2027 година. Пред почетокот на новата сезона, која е 18. по ред, беше објавено дека Цеца имала хонорар од 600.000 евра или 200.000 евра по сезона. Од септември, како што се пишуваше, таа има значително повисок хонорар.

„Во првиот договор една од клаузулите беше дека, доколку се надминат очекувањата на Цеца, хонорарот во следниот договор ќе биде за 30 отсто поголем. Тоа значи дека Цеца повеќе нема да добива 200.000 евра по сезона, туку 260.000 евра. Тоа понатаму значи дека за три сезони нема да земе 600.000, туку 780.000 евра“, открил добро информиран извор за српските медиуми.

Сега Цеца пристигна на снимањето на новата сезона на шоуто со нов автомобил од германскиот производител БМВ, кој чини околу 175.000 евра.

Пејачката била видно расположена и облечена во зелен џемпер од „Ермано Скервино“, крем панталони од „Брунело Кучинели“, крем чевли од „Акваазура“, чанта од „Луј Витон“ и очила за сонце од „Фенди“. Љубителите на модата веќе пресметаа дека целата комбинација ѝ чини околу 3.000 евра.

во беж панталони и црна светкава блуза, а својата комбинација ја надополнила со дискретни парчиња накит.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....