9.8 C
Скопје
21:44 - 19 февруари, 2026

(Видео) Борис Новковиќ откри: На Фреди Меркјури му седев во скут

Во далечната 1978 година, „Квин“ гостувале во Загреб, а хрватскиот музичар, кој тогаш бил момче, имал можност да се запознае со фронтменот на легендарната група, пишува „24сата.хр“.

Хрватскиот пејач Борис Новковиќ (55) се присетил на концертот од 1978 година кога познатата група „Квин“ гостувала во Загреб.

– На Фреди Меркјури му седев во скут – признал музичарот во емисијата „Добро утро, Хрватска“.

Неговиот татко, Ѓорѓе Новковиќ, таа година по концертот бил поканет на вечера, каде што групата добила плакета за продадени плочи на овие простори, од тогашниот „Југотон“, денешна „Кроација рекордс“. Таткото на Борис го упатил кај главниот пејач и му рекол дека може да му побара автограм.

– Така беше, му побарав автограм, тој ме седна во неговиот скут и ми напиша нешто убаво – додал Борис, кој тогаш бил момче и открил како нивната заедничка фотографија се изгубила многу години подоцна.

– Подоцна, при некое преселување, во отпадок завршија моите стари стрипови, меѓу кои беше и таа фотографија. Се разбира, тоа беше случајно, но ете, таа фотографија ја нема повеќе – рекол пејачот.

 

@hrvatska_radiotelevizija Boris Novković se prisjetio, gostujući u @dobrojutrohrvatskaa, daleke ’78. kada je upoznao legendarne Queenovce 🤩 #hrvatskaradiotelevizija #borisnovkovic #dobrojutrohrvatska #thequeen ♬ original sound – HRT


Инаку, Борис по пет години се враќа на сцената, па на 6 ноември во концертната сала „Ватрослав Лисински“ ќе пее пред публиката. Името на неговиот акустичен концерт е „С оне стране љубави“.

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....