9.8 C
Скопје
19:00 - 12 март, 2026

(Видео) Боба од „Жикина династија“ денес изгледа непрепознатливо! Откри што му се случило среде Белград на снимањето и никој не останал рамнодушен

Српскиот актер Владимир Петровиќ, кој публиката најдобро го памети како Боба Павловиќ во серијата „Жикина династија“, раскажал анегдота од снимањето на „Луди години“.

Владимир ја имаше честа да го глуми Слободан Павловиќ Боба, лудо вљубениот во Марија Тодоровиќ, во оваа веќе култна серија, со што стекна голема популарност.

 


Сега раскажал анегдота од снимањето, открил што му се случило среде Белград и насмеал многумина.

– Има една прекрасна анегдота, поврзана со трамвајот во „Луди години“… Ја снимавме таа сцена, јас висам на трамвајот, кој го добивме само за снимање и за да се сними тоа, јас висев два-три круга и трамвајот застана на семафорот кај Вук и јас се симнав малку да ги одморам нозете, и ми приоѓа еден господин и ми вели: „Дете, еве ти пари за трамвај, не виси“, а тој не забележа дека има екипа внатре, реков: „Па, снимаме“, а тој ми рече: „Па добро, купи карта, па снимај ја подоцна“, раскажал Владимир Петровиќ.

И покрај љубовта што ја добиваше од публиката во тие години и бројните покани повеќе да се посвети на актерството, Петровиќ се откажа од сцената и се посвети на маркетингот.

– Имам рекламна агенција и тоа го работам со години. Направивме разни реклами – изјави претходно, а факт е дека многумина денес не би го препознале на улица бидејќи многу се променил, на подобро.

Владо се свртел кон семејството, пред сè, кон сопругата Јасминка, најпродаваниот автор за деца и млади, со која доби две деца, синот Игор и ќерката Ана, а пред извесно време стана и дедо.

 

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....