11.8 C
Скопје
20:41 - 3 април, 2026

Весна Ѓогани искрено: „По губењето на бебето западнав во депресија и морав да побарам терапија“

Пејачката Весна Ѓогани секогаш отворено зборувала за приватниот живот, а неодамна ја сподели една од најболните теми – загубата на бебе.

Весна призна дека по спонтан абортус западнала во длабока депресија и морала да користи терапија.

„Бев во голема депресија по губењето на бебето. Пиев многу лекови и не бев способна ништо да работам. Имав тефтер каде што запишував кога каква терапија земам. Додека лежев во болница, гледав и постари и помлади жени како се борат со разни проблеми. Помислив колку ние жените се мачиме со гинеколошки маки, но што е – тука е“, искрено раскажа Весна.

Таа се наврати и на периодот по раѓањето на првото дете: „Таман кога ни тргна на работа, јас забременев. Ѓоле некое време велеше: ‘Ајде бе, баш сега?’ По породувањето многу се сменив и добив нови стравови. Првите шест месеци имав постпородилна депресија. Епидуралната анестезија многу лошо ја поднесов, бев како ошаматена, не смеев да гледам ни лево ни десно при возење. Само право гледав. Бев многу несреќна, а толку многу ја посакував таа беба. Ја доев, а солзите ми течеа сами“, се присети таа.

Исто така, откри дека за време на бременоста се здебелила значително:
„Се здебелив 30 килограми за време на бременоста, па се криев од луѓето каде и да одам“, изјави Весна.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....