Во декември 2023 година, пејачката Марија Шерифовиќ стана мајка на син по име Марио, со помош на сурогат-мајка. Иако долго време молчеше за процесот низ кој поминала, неодамна одлучи да ја отвори душата и да раскаже дел од својата борба до мајчинството – исповед што ја изненади јавноста.
Марија признава дека почетокот бил тежок, особено при соочувањето со фактот дека не може да остане бремена по природен пат. Но, кога ја прифатила ситуацијата, сфатила дека сурогатството е најздравиот и најисправниот пат.
– Тоа е пат по кој не сум разговарала со никого. Еден ден ќе ја раскажам целата приказна, макар и пред камера сама – вели таа.
Призна дека поради контролите, патувала од Белград до Лос Анџелес на секои 36 часа – за да биде присутна на секој ултразвук, секој преглед, а потоа се враќала назад во Србија за да продолжи со обврските.
Кога заминала во Америка за постапката за вадење јајце-клетки, со неа била нејзината мајка Верица, која неодамна претходно претрпела мала операција поради карцином на дојка.
– Стигнавме во Лос Анџелес, почна стимулацијата. Лековите беа куп. Требаше точно во секој момент да ги примам. Будење во 2, во 5 наутро… Мојот доктор е магионичар – раскажува Марија.
Но, само неколку дена подоцна добила температура од 39.9. Направила тест – позитивна на ковид. Притоа, најмногу се плашела да не ја зарази мајка ѝ, поради нејзината ранливост. Секои два часа правела тестови, пиела витамини и се надеваше дека ќе закрепне до закажаниот термин.
Во екот на нејзината болест, нејзината кума која требало да ѝ се придружи – исто така добила корона. На крај, сите три – Марија, Верица и кумата – завршиле во изолација во станот во Лос Анџелес, заразени со ковид.
– Бевме со три корони и со надеж дека ќе помине до ултразвукот. Купив 15 теста, ги проверував под светло. Се молев. И успеав – открива таа.
Најемоционалниот дел од исповедта доаѓа кога раскажува за раѓањето на синот:
– Имаме 21 здрава јајце-клетка. Тоа не сум го кажала досега. Сè беше во позитивна енергија. Кога се роди Марио, имам снимка. Не се препознавам. Како некои сили да ме држат. Тој – убав, како прво да го избањале, па да ми го дале. Веќе на втората минута почна да се смее – вели Марија.
Пред нејзиниот зафат, една жена пред неа била 13-ти пат на вадење клетки и добила само една. Таа стравувала дека ќе ја снајде истото. Но, кога докторот ѝ кажал „Честитам, имаме 21“, таа си помислила: „Што ќе правам со 21 дете?“ (се смее).
Пејачката открива дека пред да започне со целата процедура, прво разговарала со адвокат, а не со доктор.
– Не сакав да тргнам додека не се уверам дека правата ми се заштитени – моите и на моето дете. Дури потоа дојдоа докторите, агенцијата, IVF центарот, па лекарот што ја водеше бременоста – раскажа Марија во „Телкаст“.
Иако патот до мајчинството ѝ бил тежок и преполн со предизвици, Марија Шерифовиќ денес е горда мајка на малечкиот Марио – дете кое, како што вели, од самиот почеток не престанало да се смее.
