13:18 - 25 август, 2026

Венди Вилијамс прогласена за „трајно неспособна личност“: Со години доминираше на малите екрани, а сега ја има истата болест со Брус Вилис

Американската водителка Венди Вилијамс доби дијагноза фронтотемпорална деменција и афазија во 2023 година.

Сега нејзината старателка, Сабрина Морисеј, тврди дека нејзината деменција е во напредна фаза, а адвокатите на водителката посочуваат дека таа е прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна личност, пишува „Пипл“.

Исто така, нејзината старателка е вклучена во серија правни постапки против неколку компании, вклучени во продукцијата и емитувањето на документарната серија „Каде е Венди Вилијамс?“. Имено, таа во тужбата навела дека медиумските компании кои стојат зад серијата „ја снимиле Вилијамс без валиден договор и ја објавиле серијата без согласност“.

Морисеј тврди дека Вилијамс во тоа време била во „многу ранлива состојба“ и дека не била способна самата да даде согласност да биде снимена.

Имено, споменатата серија се фокусира на ненадејното заминување на Вилијамс од јавниот живот, што предизвика контроверзии. Морисеј ги обвини споменатите компании дека на најсуров начин ја искористуваат Вилијамс за да добијат финансиска корист.

Да потсетиме, фронтотемпорална деменција (ФТД) ги зафаќа личноста, однесувањето и обично јазичната функција (синтакса и флуентност) повеќе, а меморијата помалку од Алцхајмеровата болест. Апстрактното размислување и вниманието (одржување и пренасочување) се оштетени, одговорите се дезорганизирани. Ориентацијата е зачувана, но потсетувањето може да биде нарушено. Моторичките вештини се главно зачувани. Болните имаат тешкотии да ги завршат задачите по одреден редослед, иако видно-просторните и конструкциските задачи се помалку погодени.

Слични објави

(Фото) Само најдоброто за малата Тара – Раста крстари со ќерката на луксузна јахта, сподели семејни моменти

Еспресо

„Летај галебе“ ми дојде на сон: Како Кире Костов ја создаде песната што Верица Ристевска ја претвори во евергрин

Т.Ц.

(Фото) Мислела дека никој не ја снима: Вака се однесува Александра Пријовиќ со обожавателка

Еспресо

Тони Зен: Многу пати сум се чувствувал потценето, но најважно ми е да си останам јас

Еспресо

Ела Дворник призна што најмногу ѝ недостига: „Едвај чекам да се вратат“

Еспресо

Хороскоп за 25 август: Лавовите ќе имаат романтична средба, Стрелците ќе бидат креативни

Еспресо
Се вчитува....