11:35 - 31 март, 2026

Ве очекува урнебесна „Еден на Еден“ емисија: Дејан Лилиќ и Благој Веселинов гости, а Нина Ангеловска и Сања Лукаревска читаа негативни твитови! (ВИДЕО)

За филмот „Дедо и внук“, но и на многу други теми, со Жаре муабетеа актерите Дејан Лилиќ и Благој Веселинов. Лилиќ и Баже се гости во деветата епизода од 11 сезона на „Еден на Еден“, во недела, од 18.30 на Канал 5.

Лилиќ откри колку било „забавно“ да ја отвори сезоната на капење во Охрид во април, каде што се снимал филмот, а Благој раскажа интересни приказни од Берлинале каде што ја доби наградата „Шутинг старс“.

Фото: Прмо

Дејан раскажа и за тоа дека одбил интернационални улоги кои можеле да му донесат светска кариера поради претставата „Мајсторот и Маргарита“ која во тоа време беше на репетоарот на МНТ.

– Ветувам, ќе те земам во театар да играш во некоја претстава со мене“, му рече Дејан Лилиќ на Жаре откако го потсети на неговото гостување од 2013 година, каде што му го даде тоа ветување. Жаре, Дејан и Благој изиграа и една интересна и провокативна игра: „Погоди го шишето“.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 ќе ги гледаме и министерката за финансии Нина Ангеловска, заедно со директорката на УЈП Сања Лукеревска. Ангеловска и Лукаревска ќе читаат злобни твитови за апликацијата „Мој ДДВ“. Емисијата ја развесели комичарот Маријан Ѓорѓиевски со мини стендап шоу.

Најавата за емисијата ќе ви открие какво предновогодишно шоу нѐ очекува:

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....