4.8 C
Скопје
19:24 - 18 февруари, 2026

Васил Гарванлиев вечерва ќе настапи на првото полуфинале на „Евровизија“

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапи на првото полуфинале на 65. издание на Избор на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија шести по ред.

Васил вечерва ќе ја испее својата песна „Here I Stand“. Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале и тоа Латвија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина, Малта, Германија, Италија и Холандија.

Настанот оваа година ќе се одвива по строги правила, кои ги наложи владата на Холандија. На првото и второто полуфинале, вечерва и во четврток, како и на финалето во сабота ќе присуствуваат 3500 гледачи, со негативен ковид-тест, што е 20 отсто од капацитетот на салата „Ахој“. За гледачите кои навикнаа да гледаат море од знамиња во публиката и да ги следат учесниците во „Зелената соба“ како се прегрнуваат и слават, годинешното издание ќе биде поинакво. Изведувачите ќе бидат во посебен „меур“ под строги правила кои ги издаде холандската влада.

„Одговорноста на организирање Евросонг во ова предизвикувачко време не ја сфаќаме лесно“, изјави извршниот супервизор на натпреварот Мартин Естердал.

Националните делегации мораат да следат строги протоколи. Ќе бидат одвоени од публиката и ќе се тестираат на секои 48 часа. Бројот на членови во делегациите е значително помал. Австралијците не можеа да допатуваат и ќе настапуваат од далечина.

Во саботата организаторите објавија дека еден од членовите на полската делегација е позитивен на коронавирус, па цела делегација била ставена во карантин, вклучително и пејачот Рафал Брзозовски.

Тоа значи дека Полјаците нема да настапат во живо на сцена на втората полуфинална вечер во четврток, односно ќе биде прикажана снимка од нивната последна проба.

Обожаватели од странство секако, ќе има малку, бидејќи се знае дека за влез во Холандија се бара ПЦР тест или десетдневен карантин.

Кога станува збор за песните, Французите се надеваат дека Барбара Преви ќе им донесе победа по 1977 година, но, на тоа се надеваат и други фаворити – Италијаците кои не славеа уште од победата на Тото Котуњо во Загреб и Малтежаните кои досега никогаш не победиле.

Француската пејачка Барбара Прави, која ја нарекуваат модерната Едит Пјаф, фаворитка е во обложувалниците за победа, која Франција ја чека 44 години. По неа следуваат претставниците на Италија и Малта.

Познат по живописните костими и лесни песни, Евросонг го следат повеќе од 180 милиони телевизиски гледачи од Европа до Австралија. Минатата година натпреварот за прв пат по 60 години, не беше одржан.

Слични објави

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо
Се вчитува....