01:03 - 5 април, 2026

„Умираше од болка пред мои очи“: Анабела „Фанки џи“ се отвори за траумите од детството

Босанско-српската пејачка Анабела Атијас, поранешна членка на групата „Фанки џи“, имала многу тешко детство, а поради одредени тешки ситуации во еден момент морала да побара помош од психотерапевт, пишува „Курир“.

„Бев на една од терапиите, на која требаше да се грижам за детето во себе, да разговарам со неа, да плачам со неа. Имав точна слика за себе кога имав три, четири години. Ми се вратија сите детали за мојата куќа во Босна, дури и го чувствував мирисот на куќата. Морав многу да работам на детето во себе бидејќи тоа беше повредено“, изјавила пејачката.

Фото: Инстаграм/Анабела Атијас

Таа нагласи дека процесот не бил лесен.

„Бев принудена да сфатам дека девојчето за кое плачев, кое во еден момент умираше од болка пред мои очи, ниту еден родител не го прави тоа свесно, тие прават најдобро што можат, навистина го разбрав тоа. Благодарам за сѐ, дури и за таа траума, затоа што ме направија тоа што сум, а тие фрустрации нѐ прават посилни. Тоа беше чудо за мене, како да дишев и извадив некоја кожа што ме стегаше, но не беше моја“, се присети Атијас.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....