21:30 - 6 ноември, 2026

Тврдењата дека Џејми Фокс добил мозочен удар од вакцината против Ковид – 19 се отфрлени

Претставник на Џејми Фокс ги отфрли како невистинити тврдењата дека актерот претрпел сериозна реакција од вакцината против Ковид-19.

55-годишниот Фокс беше хоспитализиран во април поради неодредена медицинска компликација. Меѓутоа, неодамна на интернет почна да кружи теорија, која тврди дека актерот останал делумно парализиран и слеп како последица на згрутчување на крвта, што довело до мозочен удар, и тоа по вакцинирањето.

Сепак, претставник на ѕвездата изјави за „Њузвик“ дека шпекулациите се невистинити.

Тврдењето првин го изнесе Еј Џеј Бенза на поктастот „Прашај го доктор Дру“, при што водителот на поткастот цитира извор и тврдеше дека Џејми бил принуден да ја прими вакцината додека работел на филм, но бргу почнал да страда од компликации.

Во тврдењето, кое не беше оспорено од водителот д-р Дру Пински, Бенза рече: „Џејми имаше згрутчување на крвта во мозокот по примањето на вакцината. Тој не сакаше да се вакцинира, но филмот на кој работеше беше под притисок да го стори тоа. Згрутчувањето на крвта во мозокот предизвика делумна парализираност и слепило“.

Кендис Овенс потоа ја сподели теоријата на својот поткаст на „Јутјуб“ и инсинуира дека тврдењата на Бенза мора да биле вистинити бидејќи семејството на Фокс не ги осуди неговите коментари.

Пријателот на Фокс, Ник Кенон, неодамна изјави дека оскаровецот ќе ги информира фановите за своето здравје „кога ќе биде подготвен“.

Тој изјави за „Екстра“: „Едно нешто што секогаш сум го почитувал за тоа како Џејми се движел во текот на целата своја кариера, ако сте забележале, тој отсекогаш бил исклучително професионален и исклучително приватен“.

„Верувам дека кога ќе биде подготвен, ќе им се обрати на фановите за своето здравје онака како што може само тој“.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....