Трагичните сообраќајни несреќи во кои животот го изгубија некои од најголемите музички ѕвезди оставија неизбришлива трага и длабока празнина на регионалната сцена. Зад нив останаа антологиски хитови кои и денес се пеат со истата емоција и тага.
Силвана Арменулиќ (1976)
Една од најголемите ѕвезди на народната музика загина на автопатот Белград–Ниш во близина на Колари, враќајќи се од настап. Во несреќата животот го изгубија и нејзината сестра Мирјана и музичарот Раде Јашаревиќ.
Ипче Ахмедовски (1994)
Младиот пејач со моќен вокал го изгуби животот на само 28 години во сообраќајка на Ибарската магистрала кај Лазаревац, прекинувајќи кариера која допрва требаше да го достигне врвот.
Тоше Проески (2007)
Заминувањето на македонскиот музички ангел на 26-годишна возраст кај Нова Градишка го зави во црно целиот Балкан, оставајќи зад себе вокално наследство, големи хуманитарни дела и незаборавни хитови.
Дарко Радовановиќ (2011)
Познатиот пејач загина на обиколницата кај Остружница заедно со својот менаџер и кум, на денот кога неговата ќерка го славеше својот четврти роденден.
Љубиша Стојановиќ – Луис (2011)
Автентичниот уметник кој мајсторски ги спојуваше џезот и етно-музиката го изгуби животот во сообраќајна несреќа кај Фекетиќ, на патот меѓу Бачка Топола и Нови Сад.
Шабан Шаулиќ (2019)
Некрунисаниот „крал на народната музика“ загина во Германија по враќање од настап, во несреќа предизвикана од неодговорен возач, каде што животот го изгуби и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.
