22:30 - 11 јануари, 2026

Трагични детали за смртта на сопругата на Џин Хекман: Последните денови ѝ биле многу тешки

Завршниот обдукциски извештај за смртта на Бетси Аракава, сопруга на легендарниот холивудски актер Џин Хекман, открива нови и потресни информации за нејзината ненадејна смрт. Извештајот, објавен од „Асошиејтед прес“, потврдува дека Аракава починала во средината на февруари, на 65-годишна возраст, како последица од хантавирусен пулмонален синдром.

Во моментот на смртта, нејзините бели дробови биле значително загушени и отежнати, што укажува дека болеста, која се пренесува преку глодари, била во напредна фаза. Според извештајот, кај пијанистката имало натрупување течност во градниот кош, како и благо стврднување на крвните садови кои го снабдуваат срцето и останатите органи.

Обдукцијата покажа дека Аракава била негативна на ковид-19, грип, алкохол и опојни супстанции. На телото не биле пронајдени траги од траума, а нивото на јаглерод моноксид било во нормални граници.

Хантавирусот е редок, но потенцијално смртоносен вирус кој на човекот се пренесува преку урина, измет или плунка од одредени видови стаорци и глувци, а можно е пренесување и преку гризење или гребнатина од заразен глодар.

Симптомите на хантавирусен пулмонален синдром вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, слабост, вртоглавица, мачнина, повраќање, дијареја и болки во стомакот. Во подоцнежна фаза се појавуваат кашлица, отежнато дишење и чувство на стегање во градите поради натрупување течност во белите дробови. Симптомите често се слични со оние на ковид-19.

Пред смртта, Аракава пребарувала симптоми на ковид на интернет и нарачала боци со кислород. Се верува дека починала на 12 февруари.

Нивните делумно мумуфицирани тела, заедно со телото на едно од нивните кучиња, биле пронајдени на 26 февруари во нивниот дом во Ново Мексико, кој бил преполн со предмети и во лоша состојба. Во текот на истрагата, Министерството за здравство на Ново Мексико пронашло замки за глодари на имотот на повлечениот пар. Иако главната куќа била чиста и без очигледни траги од глодари, измет бил откриен во сите три гаражи, како и во двете гостински куќички.

Изненадувачки, Џин Хекман не бил заразен со хантавирус. Причина за неговата смрт биле кардиоваскуларни заболувања поврзани со висок крвен притисок и атеросклероза, а како значаен придонес се наведува и напреднатата Алцхајмерова болест. Тој имаше 95 години.

Слични објави

(Видео) Сека Алексиќ им одржа лекција на многу мажи: Пејачката ја фати лопата и сама го исчисти снегот пред куќата

Еспресо

Аца Лукас доживеал драма после настап, едно лице приведено: Се обидоа да ме убијат мене и мојот возач

Еспресо

„Попрво сум за врска за една ноќ отколку четврти брак“: Наташа Беквалац отворено зборуваше за љубовниот живот

Еспресо

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ го покажа новиот изглед: Лара направи естетска корекција на носот и устата

Еспресо

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо
Се вчитува....