21:53 - 12 ноември, 2026

Тони Цетински: „Хрватска никогаш не била поблиску до победа на Евровизија“

Хрватскиот пејач Тони Цетински смета дека Хрватска оваа година има сериозни шанси за победа на Евровизија, откако групата „Лелек“ со песната „Andromeda“ обезбеди пласман во големото финале во Виена.

Лелекот на „Лелек“ ја оживеа жената окована во синџири и осудена на страдање поради туѓи одлуки

Цетински, кој ја претставуваше Хрватска на Евровизија во 1994 година со песната „Nek’ ti bude ljubav sva“, изјави дека годинашниот настап на Хрватска бил внимателно осмислен и професионално изведен.

„Врвни визуелни ефекти, одличен светлосен дизајн и најважното – настапот беше отпеан сигурно и енергично. Мислам дека оваа година, ако политиката го дозволи тоа, би можеле заслужено да се бориме за победа на Евровизија“, изјавил Цетински за „Нет.хр“.

Според него, хрватскиот настап оваа година ги надминува рамките на класичен евровизиски перформанс.

„Мислам дека Хрватска оваа година има големи, можеби и најголеми шанси досега, Евровизија следната година да се одржи кај нас. А тогаш – нека ни е Господ напомош“, се пошегувал пејачот.

Цетински се осврнал и на останатите фаворити на натпреварот, посочувајќи дека Финска според него заслужено се вбројува меѓу главните кандидати за победа.

„Според мене, Италија малку потфрли, очекував повеќе. Србија има интересна и поинаква песна, поагресивна е и се издвојува“, оценил тој.

Пејачот додал и дека му е жал што црногорската претставничка Тамара Живковиќ не успеала да се пласира во финалето.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....