7.8 C
Скопје
00:34 - 31 март, 2026

Тончи Хуљиќ сака уште внуци: Петар Грашо и Хана Хуљиќ повторно ќе станат родители?

Ќерката на музичарот Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ и Петар Грашо се во брак од февруари 2022 година и ја имаат ќерката Алба, родена неколку месеци по нивната венчавка.

Деновиве се шпекулира дека убавата Хуљиќ е повторно бремена, а за овие гласини проговори нејзиниот татко.

„Би сакал повеќе внуци. Што се однесува до мене, тоа би било одлично, но никоја околу мене не е бремена. Секогаш велам дека покрај Алба би сакал да имам уште внуци. Засега нема. Ќе биде“, НИЗ НАСМЕВКА ИЗЈАВИ ТОЈ ЗА „24 САТА“.

Тончи Хуљиќ е презадоволен и со малата Алба. Хитмејкерот од Сплит ја обожава својата внука, но не се меша премногу во нејзиното воспитување. Како што кажа претходно, се плаши дека „може само да ја расипе“.

„Куќите ни се на 300 метри, па Грашо и Хана често се кај нас, како и ние кај нив“, откри Тончи, кој е во одлични односи со зетот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....