02:57 - 19 декември, 2025

„Тоа беше најкраткиот развод во историјата“: Верица откри низ што поминала со таткото на Марија Шерифовиќ

Пејачката Верица Шерифовиќ зад себе има два брака, а и двата краткотрајни.

Поради љубовта кон Рајко Шерифовиќ, таткото на Марија Шерифовиќ, Верица го напуштила средното училиште, а малкумина знаат дека нејзиниот живот не бил воопшто лесен.

Пејачката од почетокот на бракот со Шерифовиќ наишла на проблеми, па наместо среќа, тоа било тортура. Верица се разведе од Рајко во 2003 година, а, како што тогаш истакна, останала во бракот поради Марија, бидејќи се плашела дека ќе му припадне на сопругот. Верица во еден момент од бракот сакала да го остави тогашниот сопруг, но поради неговиот потег брзо се предомислила.

„Кога Марија беше мала сакав да го оставам Рајко и поднесов документи за развод, но тој имаше врски во Крагуевац и успеа да договори Марија да му припадне. Доживеав тежок нервен слом и реков: ‘Па нека биде што ќе биде. Се откажувам од разводот, се откажувам од се’. Сега, после толку години, можам да кажам, можеби мораше да биде така“, изјави тогаш Верица и додаде дека главната причина за нивните проблеми е всушност алкохолот.

„Едноставно не можам да верувам дека две чаши ракија можат да сменат човек. Сите го сакаа затоа што беше дружељубив, пријател до коска, но кога ќе испиеше две-три пијачки, тој веќе не беше тој човек“, изјави пејачката и откри дека трпела насилство.

„Бев дете, што знаев на 18 години. Многу криев, дури и од моите родители. Да знаеше тато, ќе го распарчеше. Па, некогаш можев да го сокријам, некогаш не“, искрено раскажа Шерифовиќ.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....