08:42 - 19 ноември, 2026

Тијана Дапчевиќ со семејството го напуштаат Белград и ќе се преселат во овој град! (ФОТО)

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ постојано живее на релација Белград – Скопје.

Таа многу често доаѓа во Скопје за да го посети нејзиното семејство, односно нејзините родители, но и нејзината сестра Тамара Тодевска.  Исто така Тијана често е во Македонија поради и нејзиниот ангажман во серијата Преспав каде што ја игра улогата на Германката Ула.

Кога не е во Скопје, Дапчевиќ е Белград каде што живее со својот сопруг Милан Дапчевиќ и синот Вук.

Пејачката живее во стан во српската престолнина, а како што пишуваат српските медиуми, таа наводно планира да се пресели.

– Тијана сака помирно место, почна да и пречи оваа гужва во Белград, па таа и Милан одлучија да се преселат во Сомбор каде што купија голем имот – тврди извор за „Стар“.

– Инаку, мажот на Тијана е од Сомбор, па се поврзани за тој град. Таму е помирен животот, а имаат план да развијат и бизнис, но полека, допрва треба куќата да се гради – додава изворот.

Слични објави

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо
Се вчитува....