09:56 - 2 април, 2026

Теона Јованоска по Макфест размислува да компонира музика: „Сакам да ја вклопам виолината со пеењето“

Изминатиов викенд, на 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска вечер.

17 годишната Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе“, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера.

Инаку, Теона свири виолина од својата седма година.

„Виолината е моја прва љубов, и така и ќе остане. Во мојата песна јас свирам виолина и сакам со тоа да продолжам да се занимавам, да почнам да компонирам моја музика, да ја вклопам виолината заедно со пеењето“ – рече Теона за еспресо.мк.

Музиката и текстот на макфестовската песна на Теона се на Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди.

Теона не се пласираше за финалната вечер, но тоа воопшто не беше проблем за неа.

„Нема победник во натпреваров. Мене ми беше чест што јас настапив, што ја изведов мојата песна, а супер си поминав. Јас сум презадволна, моите блиски се презадоволни, Сара е презадоволна“ – ни рече младата пејачка.

 

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....