5.8 C
Скопје
06:45 - 1 април, 2026

Теодора Џехверовиќ си купи уште еден стан: Пејачката работеше напорно за да го оствари својот сон!

Популарната пејачка Теодора Џехверовиќ ја израдува јавноста со вест дека станала сопственичка на уште една некретнина.

Со емотивна објава на својот инстаграм-профил, таа откри дека повторно успеала да си го оствари сонот, овој пат со втор стан.

„И втор стан во животот е купен. Ти благодарам, Боже“, напиша пејачката, видно возбудена и со солзи во очите.

Џехверовиќ во 2021 година го купи својот прв стан во елитно белградско маало, за кој издвојуваше околу 250.000 евра. Станот има 100 квадрати, две спални соби, две бањи и пространа тераса. Тоа беше првиот поголем доказ за нејзината финансиска стабилност, стекната со години работа и вложувања во кариерата.

Близок извор до пејачката открива дека уште од стартот на кариерата целта на Теодора била да заработи доволно за сопствен дом. За тоа вложила големи средства во песни, албуми и спотови, верувајќи дека инвестицијата ќе ѝ се врати. Иако нејзините планови за нов стан беа одложени за време на пандемијата, сега конечно успеа да ја заокружи својата цел.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....