6.8 C
Скопје
11:02 - 21 февруари, 2026

„Татко ми и брат ми ме наговорија да се разведам“: Сања Маринковиќ изнесе шокантни детали за бракот

Српската водителка Сања Маринковиќ искрено и без задршка проговори за разводот од поранешниот сопруг Александар Ухрин, со кого го има синот Страхиња. За неа, тоа бил тежок и болен период, кој, како што вели, целосно ја променил.

„Не го соочив веднаш детето со вистината, ниту самата ја прифаќав. Тоа беше многу потежок пат. Му објаснував како живеат другарчињата чии родители се разведени. Еден ден ми рече: ‘Мамо, ова е развод…’ и тогаш му ја кажав вистината. Му покажав дека ништо не ни фали, дека сме добро“, раскажа Сања.

Таа додава дека поддршката од семејството ѝ била пресудна во процесот на одлука. „Да ги слушав на време тато и брат ми, ќе се разведев многу порано. Тие први видоа дека веќе немам сјај во очите. Мојот карактер се промени, веќе не бев иста“, изјави таа.

Сања признава дека во бракот влегла со идејата за вечна љубов. „Касно се омажив. Прво се роди Страхиња, а потоа се венчав. До последен атом сила се борев да го спасам бракот. Сакав тоа да биде приказна од моите соништа“, вели водителката, која денес има поинаков став.

„Верував во љубов за цел живот. Денес верувам дека има повеќе големи љубови отколку големи бракови. Мислам дека бракот е надмината институција. Денешниот брак ми личи на бизнис-модел“, изјави таа во емисијата на телевизија „Пинк“.

Осврнувајќи се на односите меѓу мажите и жените, Маринковиќ во подкастот „Бункер“ со Луна Ѓогани додаде и доза хумор.

„Мислам дека на никого не му пречи малку разубавена слика. Убаво и умерено лажење има лековито дејство. Не е ни страшно кога мажите знаат убаво да лажат“, рече низ смеа.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....