5.8 C
Скопје
03:30 - 1 април, 2026

По тешката инфекција на белите дробови, кралицата Камила се врати на должност: „Сè уште ме мачи кашлицата“

Кралицата Камила се повлече од функцијата минатата недела поради инфекција. Таа го пропушти Фестивалот на сеќавањето и церемонијата по повод Денот на сеќавањето, во саботата и неделата со цел целосно да закрепне и да не ги изложи другите на ризик.

Британската кралица се врати на должност, пишува „Скај њуз“. Тaa се појави на доделувањето на наградите Букер во Кларенс Хаус, но остана пократко од планираното, а ќе се појави и на прием во Палатата кај кралот Чарлс, настан посветен на британската филмска и ТВ-индустрија, но нема да остане до крајот на настанот.

Кралицата во Гарден Рум ја поздравиле извршната директорка на фондацијата Букер награди Габи Вуд и претседателот на жирито за 2024 година, Едмунд де Вал.

Таа се ракувала со нив и му рекла на Вуд дека „очигледно е многу подобро“.

– Сè уште ме мачи кашлицата. Навистина сакав да дојдам – додала Камила.

Се верува дека промените во нејзиниот распоред се направени за да се заштити и да се даде приоритет на нејзиното континуирано закрепнување, бидејќи лекарите сакаат да избегнат какви било компликации предизвикани од сезонската болест.

На кралицата Камила ѝ било тешко што не можела да се појави на настаните посветени на денот на сеќавањето. Со кралот Чарлс Трети била и неговата сестра, принцезата Ана, која се грижела за својот брат, кој се бори со ракот.

Кејт Мидлтон се појави на двата настани во Лондон и направи два важни ангажмани два дена по ред, речиси една година откако беше оперирана во британската престолнина и седум и пол месеци откако објави дека боледува од рак.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....